По четврти пат се одржува аутдор фестивалот MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во тридневна програма што вклучува: прикажување на филмови со аутдор содржина, изложба на фотографии, забава на отворено со тројца диџеи и бенд, и четири спортови: велоспедизам, планинско трчање, планинарење и аеробик. Во склоп на фестивалот ќе биде изведен и Rural Bootcamp Bubalo во кој што учество можат да земат сите пријавени посетители.
*Секој учесник на спортските активности изјавува дека ги прифаќа условите на организаторот и дека е во полна физичка и психичка подготвеност земајќи ги предвид сите можни опасности за времетраење на настанот. Сите учесници настапуваат на сопствена одговорност.
Програмата на фестивалот започнува во петок вечер, а завршува во недела попладне.
ПРОГРАМА НА OUTDOOR FESTIVAL MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: enter the wilderness 2015
Петок:
19 часот: пристигнување на гостите и поставување на кампот
21 часот: отворање на фестивалот
21.15-22 часот: проекција на кратки outdoor филмови
Отворање на изложба со фотографии
22-00: музичка програма
19-00 часот: делење на стартни пакети
Сабота:
11часот: пристигнување на гостите и сместување во кампот
15-21 часот: музичка програма
18-19 часот: аеробик сесија со Бубало
21-00 часот: рок бенд
09-00 часот: делење на стартни пакети
Недела:
8 часот: будење на кампот
9-9.45: утринско загревање со Бубало
8-10 часот: делење на стартни пакети
10 часот: старт на планинското трчање и планинската тура
10 часот: старт на велосипедските тури
15-18 часот: ручек за учесниците
Карти може да купите во продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Бајк маркет, Пробајк, X-MKD, продавницата на B-Watch во Капитол мол или на телефон 078/400047.
skimacedonia
