Сериозен инцидент се случи на ноќната трка во вторникот 22.12.2015 год во Мадона ди Кампиљо на натпревар од светскиот куп во алпско скијање каде еден од најдобрите австриски скијачи Марсел Хиршер за влакно избегна судир со дрон.
Иако овој инцидент не влијаеше на исходот на резултатот(тој не забележа дека дронот падна), Марсел Хиршер изјави ”Ова е страшно и не смее повеќе никогаш да се повтори. Можев да претрпам повреди.”
ФИС директорот на трката, Маркус Валднер изјави ”Ова што се случи е вистински хаос и мора да има последици…” и додаде ”Дронови нема да има во иднина! ”
ФИС и партнерите настојуваат да користат што повеќе технологии, а на дроновите според договорите им е дозволено да летаат над публика во Италија, а се строго забранети во Швајцарија и Австрија.
skimacedonia
