Марсел Хиршер зема се! Ана Фенингер директно одлучи за победа

Aвстриецот Марсел Хиршер е првиот во алпското скијање, кој освоил четири кристални глобуси во Светскиот куп едноподруго. Неговиот директен конкурент, норвежанецот Кјети Јансруд не настапи на трка во слалом во Марибел и со тоа ги скрати моментите за прашањето кој ќе биде шампион, но и благодарение на грешката на Феликс Нојројтер.

Марсел Хиршер има 26 години и е еден од петте луѓе во историјата кои освоиле четири големи кристални глобуси.

Кај жените се гинеше, Тина Мазе и Ана Фенингер директно одлучуваа за титулата, најдобра скијачка на светот. Но сепак Фенингер е заслужено најдобра затоа што ја одбрани титулата во генералниот поредок, а сезонава ја освои тројната круна освојувајќи ги и двата мали кристални глобус во велеслалом и суперкомбинација. Титулата на Тина Мазе и избега за неколку стотинки непобедувајќи во велеслаломската трка во Мерибел.

68867_G08_W0144535

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки