Marc Gisin пренесен со хеликоптер по страшното излетување и удар на спустот во Val Gardena

Marc Gisin val gardena 2

Marc Gisin пренесен со хеликоптер во болница по излетувањето во спустот на Светскиот Куп во Val Gardena, Италија.

Marc Gisin val gardena 1

Швајцарскиот скијач Marc Gisin беше хоспитализиран во саботата после страшното излетување и пад за време на спустот во Val Gardena.

30 годишниот Gisin возејќи со над 120 км на час, изгуби контрола пред скокот на средина на патеката Saslong по што драматично излета без контрола и силно удри на грбот и се онесвести. Тој долго лизгаше додека да застане.Лежеше неподвижен на патеката пред докторите и тренерите да пристигнат за помош и асистенција.

Хеликоптер за помош слета на патеката, за да го однесе скијачот во најблиската болница во Bolzano откако Gisin примил третман од речиси половина час додека бил во несвест. Подоцна се разбудил.

Gisin исто така имаште сериозно излетување во super-G трка во Kitzbuhel пред три години што го оттргна од натпреварување до крај на сезона.

Marc Gisin val gardena

“Неговата состојба е стабилна и веќе е во Швајцарија за нови дијагнози,” изјави Швајцарскиот ски тим.  Сестрите на Gisin се исто така успешни скијачки , Dominique Gisin и Michelle Gisin кои се Олимписки скијачки со освоени медали.

Норвежанецот Aleksander Aamodt Kilde победи на саботната трка за 0.86 секунди пред Австриецот Max Franz и Швајцарецот Beat Feuz.

Bryce Bennett, Steven Nyman и Travis Ganong од четврто до шесто место, со што Американците имаа еден одличен ден во спустот.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки