Македонските млади алпски скијачи на глечер во Австрија

Алпскиот скијачки клуб Скади од Скопје деновиве е повторно на припреми во Австрија на глечерот Хинтертукс каде покрај светската елита може да се сретнат и нашите пионери од македонското алпско скијање.ask_skadi-hintertux-10

Овие тренинзи се дел од зацртаната програма на клубот Скади за летниот период, јуни, август, октомври и ноември се месеците кои се планирани за тренинз на Хинтертукс глечерот. Во моментов таму се Јана Атанасовска и Андреј Костовски актуелни двократни државни прваци и освојувачи на многу меѓународни натпревари. Целта на посетата е усовршување на основната техника, натпреварувачко капијарско скијање и одржување на континуитет во формата и скијањето, изјави Александар Атанасовски-Чаве тренер на овој млад тим.ask_skadi-hintertux-15

Инаку глечерот Хинтертукс во Австрија лоциран на 3000 метри нуди големи можности и услови за совршени тренинзи благодарение на патеките и стазите каде е овозможено непречено поставување на капии.

Од АСК Скади напоменуваат дека голема поддршка и помош добиваат од селекторот Иван Лешевски кој несебично асистира низ сите можни аспекти на организација, комуникација и совети имајќи го во предвид неговото богато дваесет годишно искуство на овој глечер.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки