Викендов што измина на Попова Шапка се одржа семинар за почетни зимски алпинистички техники и за лавинологија. На семинарот учествуваа околу педесет учесници од различни алпинистички и планинарски клубови.
Предавачи на семинарот беа: Д-р. Александар Манолев, Димитри Димитров, Методи Чилиманов, Илија Циривири, Ристе Калинов, Јован Божиноски и Костантин Циривири.
Според бројот на учесници тоа е најмасовниот зимски семинар што некогаш е одржан кај нас. Според сработеното пак, исто така, може слободно да се каже дека реализиравме еден од најуспешните семинари досега. За тоа подеднаков придонес имаа и слушателите и предавачите. Она што особено радува е фактот дека поголемиот дел од предавачите беа млади алпинисти кои одлично ја завршија својата работа како презентери, анимирајки ги мошне успешно учесниците.
Се работеше по принцип на ротација на различни работни места каде што беше изведувана презентација на наставните содржини, а на секое од работните места беа изведувани и “реални“ проблем ситуации.
Во Саботата навечер имаше теоретски предавања од интерактивен тип од областа на лавинологијата и првата помош и спасувањето во лавини и при хипотермија. Се на се многу успешен семинар.
skimacedonia


