Македонија една од брзо растечките држави во Европа во областа на туризмот, така коментираат претставници на Светската туристичка организација кои се дел од конференција на тема за развој на винскиот туризам. Ако се споредат статистичките податоци од 2014 година, со оние од минатото може да се забележат извонредни резултати, коментира Кристофер Ибзен, заменик-регионалниот директор на Светската туристичка организација.
Кристофер Ибзен додава – Растот во туризмот претставува добра можност да се промовираат прекрасните природни и културни богатства на Македонија, а квалитетните вина што ги произведувате само можат да придонесат за тоа. Светската туристичка организација стои позади вас и ве поддржуваа, Македонија има четири илјадна традиција на производство на вино. Истражував пред да дојдам тука и најдов податоци дека пред 2.300 години токму Александар Македонски за време на своите походи ги снабдувал своите трупи со вино од Тиквешкиот регион.
Домашните туристи ги губиме, странските доаѓаат
Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува 29 743, а бројот на ноќевањата изнесува 62 297 и во однос на февруари 2014 година е зголемен за 9,0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8%. Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, опаднал за 11,6%, а бројот на странските туристи зголемен за 23,5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на 2014 година, е намален за 13,1%, а кај странските туристи е зголемен за 16,0%.
Агенцијата за поддршка и развој на туризмот изминатиот период ги презентира македонските туристичките потенцијали во Австрија, Русија, земјите на Бенелукс,Германија итн. Во текот на април пет француски туроператори ја посетија Македонија на покана од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а тренд на зголемувањето на бројот на француските туристи се очекува да продолжи и годинава. Неодамна пристигнаа и групи туристи од Данска.
Македонија за 2014 според податоците од НБРМ обезбедила зголемување на остварениот девизен прилив од туризмот кој изнесува 136 милиони долари, а за првиот квартал од 2015 девизниот прилив е зголемен за 18,5 %. Лани во туризмот се вложиле 2,3 проценти од вкупните инвестиции во земјава, а годинава се очекува растот на инвестициите да биде поголем за 10 отсто. Учеството на туризмот во македонското БДП се планира до 2020 година да достигне до 5 проценти. Визијата за туризмот на Република Македонија е да изгради имиџ на препознатлива европска дестинација базирана на културното и природното наследство, која ќе биде препознатлива по производите и услугите со предзнак на одржливост и висок квалитет.
Најбројни се туристите од балканските соседни земји Србија, Грција, Турција, Косово, Бугарија и Албанија.
skimacedonia



