Маја Бошкоска ја искачи високата Аконкагва

Маја Бошкоска е една од малкуте планинарки во Македонија кои реализираа подвизи и искачувања над 6000 метри. Деновиве го искачи највисокиот врв на Андите во Јужна Америка, врвот Аконкагва висок 6962 метри. Таа е член на планинарското друштво Кораб, а минатата година со мала женска експедиција го освои Мера Пик во Непал, висок 6.476 метри. Таа е трета жена од Македонија која успешно го искачи овој врв, покрај Илина Арсова и Виолета Велкоска. Како што самата извести, екипата немала посериозни проблеми во текот на аклиматизацијата и искачувањето на врвот.

https://www.facebook.com/maicka/videos/10215685222982949/

27654962_maja boskovska 27857973_maja boskovska

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки