Линдзи Вон сака да се натпреварува и со мажите

12801616_Lindsey Vonn skiiing fis13332858_lindsey vonn skiing

По рекордната сезона од Светскиот куп во алпско скијање, Линдзи Вон има план за следната година – да се натпреварува на машкиот Светски куп. Американката, која е рекордерка со 76 победи во сите дисциплини, минатата зима стана најдобра во спуст со 38 победи и освои осми кристален глобус во дисциплината.

Повредата во Андора ја примора да се повлече предвреме и да ја загуби шансата за големиот кристален куп,  таа планира да скија и во 2018, но последната сезона сака дуел со мажите.

” Во последната сезона би сакал да имам една трка против мажите. Тоа досега беше тајна, но сега станува мојата цел. Почнав да размислувам како тоа можам да го остварам, и ќе биде многу тешко да се справам со федерациите. Тоа ќе биде последното ура, да се победат некои момци и да си одам дома” – изјави Линдзи Вон во интервју за ЕСПН.

Во моментов е на фамилијарен одмор и во посета на своите роднини низ САД.

13332858_lindsey vonn Sailing

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки