Летечкиот Paris со двојна победа во спуст на домашен терен во Bormio
Италијанската скијачка ѕвезда Dominik Paris е веќе изгравирано име на познатата ски локација во неговата Италија , постанувајќи најтрофејниот спуст скијач на натпреварите од Светскиот Куп во Бормио. Трката во спуст одржана во петокот беше замена на одложената трка во Val Gardena, Италија, а веќе вчера, сабота имаше втора трка.

Paris кој е докажан специјалист во спуст на свои 30 години победи за четврти и петти пат на оваа патека со што го стигна рекордот со четири победи во Бормио на Австриецот Michael Walchhofer.
На првиот спуст во Петокот Beat Feuz од Швајцарија со второ место на оваа трка со 0,39секунду заостанување, а Matthias Mayer од Австрија успеа да се искачи на подиумот со трето време за 0,42 секунди зад Paris.
Норвежанецот Aleksander Aamodt Kilde кој заврши четврти му дише во врат на Paris во генералниот пласман додека водечки во најбрзата дисциплина е Henrik Kristoffersen од Норвешка.
Вториот спуст закажан во Саботата во Bormio повторно го освојува Paris на својата домашна Стелвио патека на Италијанските Алпи додека пак ланскиот шампион Beat Feuz заврши трети со 0.26 секунди заостанување.
Италијанецот го зазеде првото место во генерален пласман во спуст на Светскиот Куп, а со својата 18та победа во кариерата на Светскиот Куп од кои 14 се во спуст има вкупно 36 подиумски завршници.
Трката во Саботата беше прекината заради излетување на Австриецот Hannes Reichelt кој беше изнесен со хеликоптер од патеката.
Во Недела имаме — Super-G и слалом алпска комбинација каде ланскиот Светски шампион е Французинот Alexis Pinturault.
Италијанецот минатата година ја имаше најдобрата сезона кога заврши четврти севкупно, но прв во super-G а втор во спуст.
Жените денес возеа во Lienz.

skimacedonia