24 годишно момче од Урошевац, загина при лавински инцидент во Брезовица , во месноста викана Орлов гнездо. Безживотното тело го извадиле неговите пријатели, а на местото на несреќата имало и други скијачи кои успеале да се спасат. Изминативе неколку дена низ ски зоните наврнаа поголеми количини на снег, а опасноста од лавина е на високо ниво.
Препорачуваме, движење и скијање во групи ( не скијање заедно, туку не одете сами на опасен терен), а притоа да се следат препораките и советите за движење во зимски услови и превенции од лавина, со цел ризиците да се сведат на минимум.
Накратко и важно е да се практикува, при искачување да се движите на соодветна далечина, не блиску еден до друг. Кога скијате стрмни опасни делови, секогаш пуштајте се еден по друг, следете ги советите и обуките кои се организираат против лавинска опасност како и движење во зимски услови. Практикувајте и носете со себе опрема (лопата, трекер, сонди, air bag ранци)
Напомена: Следните 3-4 дена не се препорачливи за скијање на комплексни и опасни зони, кои се со истакнат ризик од лавина.


skimacedonia