Креативен викенд во Лазарополе – Nature meets technology

Во рамки на проектот Креативен викенд во селото Лазарополе на 28-29 јуни 2014 по трет пат ќе се одржи работилницатаза звук и теренски снимки под име Nature meets technology. Nature meets technology е работилница за звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаат во природата. Се работи за интерактивна работилница наменета за локални и интернационални артисти и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажа и продукција, радио арт, саундарт и сл. исите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност. Работилницата ќе се состои од работни сесии,кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни игрупни настапи и импровизациски сесии на отворен простор, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност првотеоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот натеренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа,процесирање, секвенцирање па се до креирање, продукција и изведба на конкретна звучна форма.kreativen-vikend-lazaropoleРаботилницата ќе биде под водство на кураторот                 Тони Димитров, а учество ќе земат етаблирани музичари од македонската и српската електронскa сцена.  Програмскиот дел ќе содржи презентации на проектот „Музички дневници“ на Милош Томиќ, со кој тој ја претставуваше Србија на 55-тото издание на Венециското биенале, потоа презентација на амбиенталната издавачка етикета post global recordings, презентација на интернационални звучни инсталации на Доротеј Нешовски и презентација на досегашните изданија на проектот Soundscape workshop. На ова издание на работилницата Post Global Trio ќе го постави и своето студио, каде на надморска височина од 1350 метри ќе го сними материјалот за својот нов албум, а процесот ќе кулминира со нивен настап во живо.  Резултатите од оваа работилница ќе бидат претставени со импровизациски сесии најпрвин во рамките на самиот настан во Лазарополе, а потоа и на други локации низ Македонија. Ова е четврта во серијата работилници од овој тип работилници за звук (по работилницата за звучен пејзаж во урбана средина), а трета во Лазарополе. На ова издание на работилницата за втор пат ќе учествуваат артисти од други земји, по учеството на уметници од Мексико, Франција, Србија, кои учествуваа минатата година.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки