“По Стапките на Крали Марко” е настан кој го слави и промовира планинското трчање, а особено планинското трчање на поголеми дистанци. Во изминатите три години.беа организирани повеќе трки – на дистанци од 16, 18, 33 и 60 километри. Некому овие растојанија му изгледаат големи и непојмливо им е дека тие – и тоа по планински терен – може да се изминат во еден ден – но редовниот тренинг, волјата и упорноста, како и досегашното искуство не уверуваат дека се е можно ако искрено се посветиш на тоа што го сакаш.
Наша желба е со учество на меѓународни натпревари и особено со организирање на такви натпревари кај нас, да се популаризира овој спорт, кој од година во година го зголемува бројот на следбеници кај нас, а паралелно со тоа да се привлечат што повеќе луѓе, спортисти и туристи да ја посетат оваа наша убава земја, која особено изобилува со планински терени идеални за развојот на планинското трчање а и другите спортови во природа и на планина. Општи информации “По Стапките на Крали Марко” – односно на англиски – Krali Marko Trails (KMT) е настан од областа на Планинското Трчање кое се одржува во околината на градот Прилеп, на падините на Бабуна и Златоврв. Натпреварите за 2014 година ќе се одржат на 12 октомври 2014 година (недела). Има две трки : • 64 km со 3000 m вкупна висинска разлика • 16 km со 830 m вкупна висинска разлика Стартот и финишот на трките се во градот Прилеп, поточно во населбата Варош.
skimacedonia