Битолчани се мобилизираат, му се нафрлија со позитивна енергија и ентузијазам на Пелистер. Минатиот викенд започна работна акција за возобновување на култниот планинарски дом Копанки, кој 2013 година изгоре до темел. Операцијата за негово реновирање и изградба ќе оди во неколку фази за време на кои се собираат средства од донатори.
Првата работна акција беше на 9-10 јуни, а се планирани акции за дорасчистување на просторот и следните викенди. Првата фаза е во тек и опфаќа расчистување на просторот и подготовка за градежни работи и реновирање.
Секој што може и сака да помогне на било каков начин, може да го контактира планинарското друштво Пелистер, а наменската сметка на која може да донирате финансиски средства е: