На почетокот на месец август, во Кина треба да биде отворен за јавноста најголемиот ски ценар на затворено. Лоциран е во областа Сонгбеи во Харбин, во североисточниот дел на Кина. Просторот кој го зафаќа овој ски фрижидер е 72.600 квадратни метри со шест посебни патеки. Оваа површина е двојно поголема од моментално најголемиот затворен ски парк Snow World – Landgraaf кој се наоѓа во Холандија, кој има се на се 35.000 метри квадратни простор.
Конструкцијата е започната во април 2013 година и се инвестирани 2.7 милијарди евра. Овој објект е дел од голем мултимедијален комплекс кој опфаќа и лизгалиште, театар, шопинг центар, хотели, ресторани и голем кино комплекс. Инвеститорот Wanda Group кој веќе менаџира класични скијалишта низ Кина, овде очекува посета од дури 20 милиони посетители годишно, а се планираат околу 10.000 вработувања.
Ски зоната е широка 150 метри, 80 метри вертикален пад, со патеки долги до 550 метри, а ќе може да опслужи 3000 луѓе во секое време.
skimacedonia


