Студено и ветровито со врнежи од снег, попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат со засилен интензитет. Силниот ветар на Попова Шапка не дозволи посериозно покривање на ски патеките со снег во рамките на центарот, па заради тоа работата на ски лифтовите e се уште неизвесна. Северните зони на Церипашина и Јелак имаат над 35 см нов снег. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, особено во планинските региони во западните делови. Најмногу снег ноќеска наврна во Маврово 33 см, Пелистер 30, Галичица, Крушево, Пониква, Попова Шапка до 20на см снег. Силен ветер со брзина и над 80 км/час предизвикува појава на големи снежни наноси, а со тоа и зголемен ризик од лавини на ниво од 4/5 категорија во некои ски зони. Во моментов снег врне низ сите ски региони, се очекува да работат ски лифтовите во Крушево и на Пелистер.
Температура: Попова Шапка -9°C , Пониква -7°C, Маврово -3°C, Пелистер -4°C, Крушево -4°C
webcam поддршка овозможено од А1 Македонија
skimacedonia




