Хинтертукс, Австрија е вториот дом на повеќе наши скијачки,сноуборд клубови и репрезентативци. Сите кои имаат намера да создаваат вистински резултати и додадена вредност едноставно кажано треба да “отстојат” многу саати на напорна работа и тренинзи. Водечкиот алпски ски клуб АСК Скади од Скопје во кој членуваат десетина млади дечиња под менторство на тренерот Александар Атанасовски Чаве, напорно ги везе тренинг деновите во текот на целата година. Тренинг периодот трае во континуитет од пролет до почетокот на натпреварувачката сезона кон крајот на декември, во кој се вградуваат светските пракси од светот на скијањето.
Деновиве клубот АСК Скади од Скопје како домаќин на глечерот Хинтертукс заедно со Фокс, млад ски клуб од Гостивар споделуваа заеднички тренинг искуства.
“Докажавме дека сме клуб кој сака да помага и пренесува знаење и искуство, во интерес на скијањето и спортот, за било кој друг скијачки клуб кој е спремен да навлезе посериозно во алпското скијање. Се надеваме дека бевме добри домаќини и дека ваква клубска соработка ќе продолжи и понатаму со цел, развој на алпското скијање во Македонија” изјави тренерот Александар Атанасовски – Чаве од АСК Скади.