ЈП Стрежево најави активна ски сезона над Нижо Поле

Ски-патеките над Нижо Поле, со кои стопанисува ЈП Стрежево ќе бидат активни и ќе добијат нови содржини. Ова беше најавено на прес во Стрежево, од каде што велат дека ги добиле потребните дозволи од Владата за сите придружни дејности.

jp strezevo

Оваа година ќе имаме уште еден мини ски-лифт, кој ќе биде наменет за децата и за почетниците во скијањето. Покрај тоа, успеавме да набавиме уште еден тапкач (ратрак), со кој дополнително ќе можеме да овозможиме квалитетни ски-патеки. Покрај тоа, во горниот дел на нашиот комплекс, извршивме проширување на ски-патеките, а со тоа се доби зголемување на капацитетот- изјави директорот на ЈП Стрежево, Марјан Геровски.

Од Стрежево сериозно размислуваат за проширување на овој зимско-рекреативен центар, со изградба на нови  терени на потегот од планинските врвови Скрково и Муза,  до месноста Орлови бари.

Нашето претпријатие ќе објави повик за изработка на физибили- студија, бидејќи нашите развојни планови опфаќаат и желба за проширување на ски-терените во Нижо поле кон пределот Орлови бари.

Во меѓу време, склучен е меморандум за соработка со ски-сноуборд клубот Ноулимит и ултра школата Еволушн, кои ќе придонесат во атрактивноста и развојот ја овој дел.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки