
Норвежанецот Aksel Lund Svindal со сребрен медал се пензионира во свој стил, а прослави заедно со тимскиот колега од репрезентација Kjetil Jansrud кој пак го освои златниот медал за кој сонуваше Svindal.
Kjetil Jansrud ја предводеше Норвешката двојна победа и дојде до златото во невремето за спустот во Алпско скијање на Светскиот Шампионат во саботата, со што му го одзеде посакуваниот крај на сонародникот и тимски колега Aksel Lund Svindal за бајковидна завршница на неговата кариера за минимална маргина.
36-годишниот Svindal, еден од најголемите скијачи на својата генерација мораше да се задоволи со сребрениот медал и задоцнување за 0,02 секунди.
Jansrud, со свои 33 години, блесна на ден кој изобилуваше со снежни врнежи и слаба видливост за победа со само 0,02 секунди за да ја освои својата прва Светска титула и му врати на својот колега за ланскиот резултат од Зимската Олимпијада кога Svindal го зазеде првото место на спуст.
Svindal, кој ја завршува својата блескава кариера по завршување на Шампионатот, беше фрустрирачки близу да стане првиот човек со освоени три титули во спуст но изостана заради мала грешка која го чинеше победа 36-годишниот норвешки фаворит пред многубројна норвешка публика во Шведска.
Во романтична завршница Свиндал кој се бори со повредите на колената, изјави дека му олеснало што завршија овие за него емотивни две недели “Бев спремен за денес и сакав да заврши денот”.
Svindal освојува медали на шест различни Светски Шампионати, што е навистина реткост.
Vincent Kriechmayr од Австрија заврши трети со задоцнување од 0.33 секунди за да го заработи својот втор медал неделава после среброто во Super-G.
На Jansrud кому му одеа потешко брзите натпреварувања сезонава конечно се најде за еден чекор погоре на подиумот со победата над својот голем ривал и пријател.
“Имавме среќа што поминавме еден позади друг во неколку наврати, ми фалеше злато на Светски Шампионат до сега па ова ми значи уште повеќе, а со самото тоа што е последна трка на Aksel ми е навистина чест. Ова е перфектен ден.” Jansrud изјави за славјето на Викинзите.
“Понесов се што имам во срцето и во мислите денеска на патеката.”
Трката беше одложувана заради облакот но организаторите дозволија да се вози и покрај снежните наноси.
Победникот од Super-G, Dominik Paris кој заврши шести искоментира дека не ни требало да се вози трката.
“Беше навистина тешко со времето,” изјави Италијанецот. “Среќен сум за Aksel за неговата последна трка но можеби нетребаше да започнат денес. Беше магливо и потоа започна силно да врне снег што ја покри патеката.”
И покрај неверојатно тешките услови за возење и минималната видливост, Jansrud и Svindal изгледаа за класа подобри од другите натпреварувачи и нападнаа по стазата во бестрашен стил по што станаа познати Норвежаните.
Американската легенда Bode Miller изјави за Eurosport како главен аналитичар на шампионатот во Are изјави: “Тие двајце го подигнаа нивото на трката. Им симнувам капа на двајцата и наздравувам бидејќи се во класа засебе. Не сум го видел Aksel да скија со такво ниво на интензитет веќе некое време, скијаше денес како звер. Двајцата беа посебни денеска. Aksel заминува како легенда, oва е на некој начин посебно заминување за Svindal и за него има симболика. Ја предаде штафетата на Kjetil. Toj е сега лидерот на Норвешкиот тим и ова е навистина добра завршница.”
Jansrud, које минатогодишен Олимписки шампион во Super-G на 33 години ја презема улогата на неговиот постар колега.
“Мислам дека имаме кул тим и работевме напорно за тоа. Вакви денови нема секоја година, ова е како еден од сто или еден од илјада денови.
Svindal, кој има цели 80 подиуми во кариерата на Светскиот Куп со 36 победи, вели бил решен да замине на негов својствен спектакуларен начин.
“Сметав дека е исправно нешто да приредам едно шоу,” изјави.
Емотивниот Svindal на крајот даде до знаење дека се забавувал и дека е задоволен од резултатот но сепак дека се спремал да заврши силно, а дека сонародникот ја заслужил победата.“Како скијач на спуст вреди да се трудите да го живеете животот како што треба! Среќен сум што успеавме да извозиме добро денеска.” заврши Аксел Лунд Свиндал.
Соодветен крај за кариерата на трофејниот двократен победник на Светски Куп.
skimacedonia