Во понеделникот на 4 септември 2017 година, беа реализирани првите натпревари од сезоната во сноуборд, Slopestyle Светскиот куп, а се одржаа во ски центарот Cardrona во Нов Зеланд. Jamie Anderson кај жените и Marcus Kleveland кај мажите се носители на подиумот во Slopestyle сноуборд натпреварувањата.
Сноубордингот е еден од шесте олимписки дисциплини администрирани од ФИС – Интернационалната ски федерација. Дисциплина која содржи 5 различни натпреварувања, big air, halfpipe, slopestyle, border cross и паралелен слалом. Спорт кој датира од 60те години на минатиот век, а првиот светски куп е реализиран во Zürs, Austria. Од 1998 сноубордингот е ставен во рамките на олимписките зимски натпреварувања.
skimacedonia
