Извиднички ноќен хајк – SCOUT NIGHT HIKE

Сојузот на извидници на Македонија традиционално го одбележува Светскиот ден на извидниците со Ноќен хајк на Водно. Овој настан до минатата година беше наменет само за извидниците ровери но од оваа година е отворен за сите оние кои сакаат да се придружат на една интересна ноќна авантура а имаат 18 години или повеќе.

Хајкот ќе започне во 18:00 часот од Парк на новинари (Нова Македонија) и организирано групата ќе се движи преку планинарски патеки до Средно Водно а потоа по асфалтниот пат до врвот на планината Водно. Сите учесници ќе се движат организирано во групи. 

Во планинарскиот дом ќе се одржат активности од забавен карактер се до 00:00 часот и потоа ќе започнеме со спуштање на планината повторно по асфалтниот пат.

izvidnicka nok vodno scout night hike

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки