Искачување на Руен Осогово

69396272_osogovor vrv ruen sultan tepe carev vrv toranica devebair kriva palanka

На ден 15.09.2019(недела) ЗПСК ”Калин Камен 2015” има чест да ве покани на Традиционалната акција искачување на врв Руен . До стартната точка на акција машинската зграда над рудник Тораница води асвалтиран пат од 20км каде може да се остават возилата.

План и прогрма за акцијата :
– 07:00 -15.09.2019 (недела) собирање на градскиот плоштад за членовите на ЗПСК ”Калин Камен “ и сите заинтересирани планинари од Крива Паланка и останатите градови, тргнување кон Тораница
-08:00- собирање на планинарите и старт на акцијата кај месноста наречена машинска кај рудникот Тораница
– Патеката е средно тешка имаме денивелација од 700 метри искачување исто толку и симнување
-патеката е долга околу 9 км во еден правец (од 2:30 до 3 часа искачување)
-на патеката има 1 извор на вода секој треба да си носи барем 1 литар вода
-11:00-12:00- Пристигање на врвот и пауза за одмор и фотографирање

– 14:00- Старт на групата за враќање назад кон Тораница по истата патека по која и ке се искачиме нагоре .

-16:00-18:00- пристигање на групите во градот и затварање на акцијата

-Сите пријавени лица учествуваат на сопствена одговорност на искачувањето.Секој треба да има планинарски чевли(гојзерици) и адекватна облека според временските услови.
-ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, електролити и сл.)
-Доколку некој планинар или група на планинари не ги почитуваат инструкциите на водачите ќе се сметаат за исклучени од планинарската акција и ЗПСК Калин Камен не носи никаква одговорност за последиците.

-Организаторот го задржува правото за измена на акцијата или насоката на движење во зависност од временските услови.

Организираните групи кои доаѓаат од другите градови ќе треба најдоцна до 14.09.2019 година да ни достават список на учесници. Дел од патеката е во близина на граничната линија, поради што е задолжително сите учесници со себе да имааат документи за лична идентификација

Лица за контакт:
Радмила Крстевска 076/359-223

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки