По повод 13 ноември денот на ослободување на град Скопје ПСК СЦГ организира планинарска тура искачување на врвот Црн камен 1585 мнв на Скопска црна гора на 15.11.2015 со сопствен превоз.
Стартна позиција с.Побожје се движиме по Спирова патека преку с.Бродец до Спирова колиба од каде се упатуваме кон врвот Црн камен.Должина на патеката е 18 км со вкупна денивелација од 1000 м.
За оваа тура треба добра психовизичка подготвеност ,понесете доволно вода и исхрана од ранец.
До с.Побожје се оди со автобус бр.61 поаѓа од транспортен во 6,45 ч за враќање со истиот автобус бр.61 во 14,45 или 16,30 часот .
За они кои што се со послаба физичка спремност организираме скратена тура од с.Бродец до Спирова колиба.Старт од пред чешмата во с.Бродец во 9.00 ч а до таму се стига со сопствени возила.Вкупна должина на патеката околу 8 км .
Контакт телефон Ѓоко 070-230-526
Поздрав ПСК СЦГ
skimacedonia
