На 25.01.2015г. во 12:30 ч. ПСС доби дојава за настрадан во лавина во близина на карпата под жичарата на Церепашина. Веднаш беше поведена акција за спасување и извлекување, која се одвиваше во исклушително лоши временски услови, на иклучително тежок терен, на кој постоеше многу висок ризик од нова снежна лавина. Благодарение на брзата реакција на членовите на ПСС, ратрак службата и уште двајца скијачи кој во моментот се затекнаа на местото на несреќата, акцијата беше успешно спроведена и настраданиот беше пренесен до хотел Попова Шапка од каде беше веднаш пренесен во клинички центар Тетово. Истиот е вон животна опасност и се опоравува во клиниката. Акцијата заврши во 15:30ч.
(Фото ПСС Планинска Спасителна служба) +389 75 303 988
skimacedonia

