Словенката Илка Штухец и италијанецот Петер Фил се шампионите во спуст. Тие победија во трките од завршницата од Светскиот куп во Аспен и со тоа ги освоија своите Кристални Глобуси во најбрзата дисциплина.
Илка Штухец забележа успешна и победничка сезона, а стана и првата словенка која успеала да освои Кристален Глобус.
“Пресреќна сум и се уште не сум свесна што направив, освен дека овој Глобус е прилично тежок” изјави Штухец
Италијанецот Петер Фил го освои спустот со најмногу освоени бодови , а не според победи кои оваа сезона ги немаше. Шансата да го земе Кристалниот Глобус му ја подари Кетил Јансруд кој иако имаше голема шанса тој да биде победникот, во Аспен заврши 11ти со што ја предаде титулата.
skimacedonia
