Идејата за скијање на Водно сеуште на маса

Идејата за изградба на ски центар на Водно сеуште е на маса. Државната компанија ЕЛЕМ, која го презеде проектот од Град Скопје, објави оглас за ревизија на архитектонско-урбанистички проект, проектот за инфраструктура, идејниот и основниот проект за изградба на ски-центарот Водно. Според проценките, ревизијата ќе трае 6 месеци и ќе чини 2,4 милиони денари. Откако ќе се направи ревизија на проектот, ќе стартува постапката за избор на фирма која ќе ги изведува терените. Ревизијата на проектот ќе покаже како точно ќе изгледа проектот за ски-терените на Водно.

Vodno (9)
Горна станица Водно
Vodno (7)
Средно Водно

Изминативе години Градот Скопје за овој проект потроши околу 220.000 евра. Најпрво беа потрошени 165.000 евра за консултантот австрискиот конзорциум и специјалци за снег SUFAG и Векон Инт, кој го изработија проектот, а потоа и 65.000 евра за испитување на подземните води.
Според првичниот проект, на Водно треба да се градат четири ски-патеки со вкупна должина од 3.850 метри, да изградат и три ски-лифта со вкупна должина од 1.350 метри и два подвижни тепиха со вкупна должина од 160 метри. Концесионерот треба да изгради и придружни содржини, и тоа ресторан од 200 квадратни метри, административна зграда со ски-рента и ски-школа, гаража за ратрак, моторни санки, систем за вештачки снег, пумпна станица за системот за технички снег и акумулација за вода.

vodno centar1
Напомена: ориентационата мапа не се поистоветува со финалната студија или проект

Според нашите обсервации, доколку би се граделе терени на Водно, доволна и една современа ски патека од типот на Сљеме над Загреб која би задоволувала повисоки стандарди, а би се опслужувала со веќе постоечката жичница. Предноста е што би се избегнале големи градежни зафати и уништување на поголема шумска површина, помали инвестиции и поголема искористеност на веќе постоечката инфраструктура, пред се гондолата.

Една таква патека секако е полесна за одржување во однос на планираните три за кои се потребни поголем број на снежни топови и што е најважно многу вода и ниски температури. Студените денови на Водно се во мал број најчесто во шпицот на зимата меѓу декември и јануари, а слично е и со количините на снег кои во најдобрите зими се задржуваат до месец дена.

sljeme zagreb
Сљеме, Загреб

 

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Орце Димитриевски

    Сметам дека создавањето ски патека на Водно е на рамниште на лудило. При постоечките во државата кои и онака на се личат само не на современи ски центри, ние ќе правиме ски патеки на висина која за оваа географска широчина е тотално не прикладна. Нека ја земат Шапка и од неа создадат ски центар како што заслужува, Водно нека го остават за љубители на хајкингот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки