Некое скалило погоре Salomon S/Lab Shift MNC 13

S LAB SHIFT MNC 13 (2) salomon

Ако му ја мислите каков вез треба да купите, тогаш моделов е еден од знаменосците во понудата.

Salomon пред нецела година го пушти во комерцијална продажба револуционерниот комбиниран скијачки вез, комбинација со перформанси која веројатно многумина ја посакуваат.

Алпски скијачки вез со туринг перформанси. Можете да ги користите вашите везови за туринг како pin везовите,  а од друга страна да скијате со нив како со стандарден вез, тоа е светиот грал, тоа е сонот.

Моделот Salomon S/Lab Shift MNC 13 ги понуди високите перформанси потребни за турно искачување и стабилноста и цврстината потребни за алпско фрирајд спуштање и за скијање на тврда подлога односно процесирани терени.

Salomon S/Lab Shift MNC 13 се со вкупна тежина како пар од околу 1700 грама, имаат можност за подесување на асистенција при искачување со степен на нагиб од 2° и 10 ° проценти , TUV сертифицирани. DIN 6-13, опсег на прилагодување 30мм, големина на кочници 90/100/110/120mm.

Ние веќе поминавме една сезона во друштво на овој модел и многу лесно ја доби високата оценка.

Овој модел на вез можете да го најдете и под брендот Atomic, тоа е буквално истиот вез и истите перформанси.

Повеќе детали овде

S LAB SHIFT MNC 13 salomon 1 S LAB SHIFT MNC 13 salomon

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки