
Скијање – Машки Слалом , Светски куп во Алпско скијање – Val d´Isere, Франција
Шест кратниот севкупен победник во Светскиот Куп , 28 годишниот Marcel Hirscher ги совлада тешките услови за трка и победи на Слаломот во Val d’Isere во Неделата.
Австриецот, кој го скрши зглобот пред-сезоната на тренинг во Август сега изгледа целосно опоравен, но беше осми после првата трка при големи снежни врнежи и слаба видливост на патеката.
Сепак неверојатниот Hirscher успеа да се поврати со перфектно второ возење и победа со комбинирано време од 1 минута 41.94 секунди, што е за 0.39 секунди предност пред Норвежанецот Henrik Kristoffersen додека Andre Myhrer од Шведска беше трет.
Дури дваесет и четири скијачи беа жртви на тешките услови и не успеаа да го завршат првото возење.
Ова е втора победа во Светскиот Куп на Hirscher во сезоната, откако победи на велеслаломот во Beaver Creek пред само една недела исто така пред Kristoffersen, што го донесе сега до второ место во севкупниот пласман токму позади Норвежанецот Kristoffersen.
За Hirscher ова е 47 триумф во Светскиот Куп во кариерата што го рангира веднаш пред Marc Girardelli, а позади само Stenmark (86), Maier (54) и Tomba што е навистина елитно друштво.
skimacedonia