Henrik Kristoffersen возбуден да го обнови ривалството со Marcel Hirscher
Ѕвездата во слалом Henrik Kristoffersen кој има веќе доста остварено на патеките во алпското скијање за своите 24 години, со освоена слалом титула во 2016г.
Норвежанецот со реализирани 16 победи во Светскиот Куп и слалом титула запишана покрај своето име, е спремен за уште една голема битка со Marcel Hirscher (Австрија) во престојната 2018/19 FIS Alpine Ski сезона од Светскиот Куп која започнува за мажите на 28ми Октомври во Sölden, Австрија.
Овој 24-годишен скијач, е првиот кој успеал да освои четири класични слаломски трки во AdeLboden, Kitzbühel, Schladming и Wengen во иста сезона, но открива детали од својот живот во скорешно интервју со личниот спонзор Red Bull.
Како еден скијач се подготвува за време на летото?
Не сум бил на снег од крајот на aприл. Во Алпско скијање треба да сте доста добро физички подготвени и силни. Секогаш тренирав на земја летно време што ми овозможува посилно да скијам за време на зимата. На ова ниво сепак ви треба многу сила, агилност, моќност и физички капацитет како и многу брзина и затоа поминувам многу време во теретана. Исто така возам велосипед, трчам и пливам при што сакам да правам разновидни активности кога тренираме 350 дена во годината!
Говоревте дека сакате да накачите некое кило и да добиете на маса: Зошто е тоа?
Во основа тоа е за да добијам повеќе моќ, брзина и да ја зголемам можноста да бидам брутален. Во веле-слаломот кога беше навистина напорно и кога имав проблеми во минатото, бев полесен и посакував да добијам на сила и тежина и да го исправам тоа. Јас сум најверојатно еден од полесните алпски скијачи со цирка 78 кг, а останатите се над 85кг. Сакам ова да го направам паметно и да добијам на мускулатура односно маса. Мојата девојка Tonya има магистратура во нутриционизам, па ми помага навистина доста. Јадењето и храната за мене претставува поголема обврска од тренингот.
На кој дел му пристапивте и на што обрнавте највеќе внимание за да подобрите наредната сезона?
Сакам да се подобрам во се. Лани бев навистина близу до Marcel во повеќето трки, со повеќе втори места и подиуми. Тоа ми беше најдобрата сезона. Во моментов, Marcel е човекот кој треба да се престигне и навистина е тешко да се посочи една посебна работа. Се надевам дека годинава може да се извозиме со Marcel “за сите пари”.
На секој спорт му е потребно ривалство, па дали гледаш на вашето големо ривалство со Hirscher како позитивно нешто за скијањето?
Мислам дека е така. Слушам дека на многу луѓе им е забавно да го гледаат. Секогаш се паметат ривалствата. За мене е одлично што сум во позиција од која се развива ривалство со еден од најголемите скијачи на денешницата и воопшто. Секако еден ден се надевам дека и јас ќе останам запаметен ако еден од најдобрите скијачи, но сеуште не сум таму. Добро е чуството кога си во конкуренција но треба да освојам повеќе трки.
И дали ти е од помош што е тука Marcel, што се натпреварувате?
Да, иако секако ќе беше полесно без него. Најдобра е кога си на стартот со најдобрите на светот и можеш да се обидеш да ги победиш, многу кул работа. Нема подобро чуство. Ние се поттикнуваме еден со друг, особено во слалом каде нивото доста се подигна. Ми помогна да се подобрам и побрзо да скијам, но не и да победам во повеќе трки!
Каква е вашата релација со Marcel?
Ние сме добри пријатели, имаме добра релација и доста почит еден кон друг. Мислам дека можеби гледа дел од себе во мене. Можеме слободно да разговараме на различни теми со него. А сепак тој е најдобриот на стартот, и нема подобро од тоа да победуваш кога најдобрите се на стартот.
Дали добиваш инспирација од други скијачи како Aksel Lund Svindal?
Дефинитивно. Имав голема помош од Aksel, особено на помлади години. Начинот на кој се врати од повреда кажува многу за него. Тој е навистина фокусиран и навистина сака да биде најдобар што може. Неговиот “кам бек” е неверојатен – многумина не можат ни да замислат низ каква работа пројде, напорот и болката што ја претрпе.
Дали преферираш трки во среде бел ден или пак наелектризираната атмосфера од ноќниот слалом?
Дефинитивно ги преферирам ноќните трки. Тие се подобри за спортот бидејќи повеќе луѓе ги следат. Атмосферата е подобра кога сме под рефлектори. За мене искрено, повеќето слаломски и веле-слаломски трки треба да се ноќно време. Сметам дека не ни требаат нови дисциплини туку повеќе да ги приближиме до публиката. За време на викенд кога има убаво време луѓето ќе скијаат надвор самите преку ден, а потоа ќе гледаат трки на тв, а навечер сите можат да гледаат.
Дали ти пречи што фановите надвор од Норвешка се обидуваат да те нервираат па лани во Schladming те гаѓаа со снежни топки?
Го приметив тој момент додека возев и му кажав на Marcel после трката дека победи чисто бидејќи многу заостанував. Доколку бев поблиску и трката беше по тесна можеби ќе ми пречеше и ќе ме деконцентрираше. На крајот сепак повеќе беше непријатно, отколку пакосно. Живеам во Австрија, ја сакам Австрија и луѓето и културата но на крајот тоа беа два тројца луѓе од 50,000 и не можам да ги обвинам Австријците како народ. Тоа е во животот не можеш да смениш некои работи, со надеж дека нема да се повторат.
Гледаме многу тренерски комбинации помеѓу родител и дете во спортот, па како е да се работи со сопствениот татко?
Беше навистина добро и денеска немаше да бидам тука без него ниту да се подобрувам со тоа темпо. Тој секогаш ќе биде мојот татко, но понекогаш е тешко да чуеш од татко ти дека работите не одат како треба. Иако е нормално што имаме и одредени несогласувања, имавме и тешки моменти но ништо не би сменил. Можеби доколку би имал деца тој ќе ги тренира! Си размислував за тоа дека јас не сум 100 проценти сигурен дека би можел јас да го правам истото за моите деца, но тој би можел и секако би бил одличен.
Кои се твоите омилени трки?
Ја сакам Kitzbühel секако. Навистина е предивзвик тој спуст, а исто така и најтешкиот слалом. Мислам дека Sölden е нај страшен како но Schladaming има атмосфера со ноќната трка. Овие три се најинтересни и нај “кул”.
Моторите се вашата пасија? Дали обожавате мотокрос ?
јас возам мотори уште од 6 години , а исто така и мотокрос летно време. Мотокросот има голем удел во мојот живот, уште од најмлада возраст и ми помогна да станам скијачот и личноста која сум денес.
Дали сеуште возите вон сезоната? Како тоа се надоврзува на скијањето ?
Мислам дека е еден од физички најзахтевните спортови на планетата. Има многу нешта кои можете да ги искористите од мотокрос и пренесете во скијањето, на пример изборот на траекторија и движењата. Ми помага доста и навистина е забавно. Кога бев помлад и посакував да бидам мотоциклист во мотокрос и кога ќе завршам со скијањето ќе се натпреварувам во мотокрос трки во Норвешка. Тоа е голем дел од мојот живот бидејќи и татко ми вози исто така.
Кои ти се најомилени спортисти за гледање ?
Јас сум голем фан на Ken Roczen (мотоциклист од Германија) повеќе години. Ние сме на иста возраст. Исто така имав бр. 94 на мојот кросс кога бев дете и тој исто така го има тој број. Тој покажува доста емоции и мислам дека тоа така треба да биде.
Исто така сакам да го гледам Jeffrey Herlings (исто така 24 годишен мотоциклист, од Холандија) – кој е многу брз што е неверојатно да се гледа. Nino Schurter е друг кој го следам на патеките на UCI – светско мотоциклистичко натпреварување.
Објавено од Red Bull

skimacedonia
