Изминатиов период, бевме во една од најодалечените и најизолирани точки во Македонија, на атрактивниот Кораб, зоната на националниот парк Маврово. Поволното време и очекуваната гостољубивост на Кораб, не натера да движиме во тој правец. Неописива сцена од природата, дивина која никогаш не сакате да ја оставите сама.
Ведро, температура во интервал од -5°C до +10°C . Заради ризикот од лавина, движевме планирано по зимската рута преку сртот на Кепи Бард 2589м. Спонтано, според спремноста се одвоивме во две групи 2+2. Брзата група го искачи Голем Кораб 2764м, втората група заради заостанување, недостаток на време и избегнување на подолго движење во ноќни услови при враќање, одлучивме крајна станица да биде преминот преку Кепи Бард.
Планирано движење 11-12 часа во два правци. Реализираната тура до врв, 15 часа. На враќање преку летната рута заради движење во ноќни услови и непрегледност групата имаше потешкотии да ги следи трагите и патот за назад, со поголемо задоцнување и упорност околу 22 часот успејаа да се вратат во караулата Победа. Движењето во ноќни услови е исклучително комплексно и лесно влегувате во ситуација на дезориентираност, потребна е присебност, добра кондиција и опрема целата оваа ситуација да биде контролирана.
Совет, при зимски движење во високите зони, задолжителна е опрема како цепин, дерези, челна ламба, радио станици за комуникација и минимизирање на движењето во ноќни услови, сето останато е непотребна авантура.
п.с. Следниот пат Кораб можеби на скија…..се читаме!
Галерија и видео 06.12.2015