Вчера, Елем Турс фирмата ќерка на Електрани на Македонија, која е директно одговорна за ски центрите на Попова Шапка и Пелистер, објави оглас за вработување на раководни лица меѓу нив и за раководител на скијалиште Водно. Преку ова се интензивираат активностите околу идеата за ски центар на падините на Водно, идеја околу која има бројни полемики дали е потребно да има ски патеки или не. Ова е следен потег на Елем Турс по превземањето на проектот од Град Скопје кон крајот на летото кога беше објавен и оглас за ревизија на архитектонско-урбанистички проект, проектот за инфраструктура, идејниот и основниот проект за изградба на ски-центарот Водно.
Во прилог и информацијата околу претходно превземените активности.
skimacedonia


