Следи настан
Kачувачки камп за девојки 22-24 Јуни, 2018 Драги качувачи, планинари и љубители на планинарските спортови, Ilina Arsova/ Art & Adventure Ski Macedonia i IKAR Hut со радост ве покануват на качувачки камп во Икар хат, Лагадин, Охрид, 22 – 24 Јуни 2018 година. Овој собир има за цел да ги промовира планинарските спортови особено меѓу женските припаднички, да поттикне меѓусебно дружење и соработка и да го подигне нивото на безбедност во спортот. Ilina Arsova е посветен спортски качувач, алпинист и високогорски планинар со преку 12 годишно искуство качување карпи и планини ширум 5 континенти во светот. Во мисијата да поттикне што повеќе девојки во спортот таа го основа здружението TAKT – Together Advancing Common Trust, а на овој собир ќе биде промовиран и последниот видео проект кој соединува инспиративни приказни на женски атлети во планинарските спортови под насловот “This is Her story”.
За време на кампот, ќе посетиме повеќе качувачки локалитети во близина на Охрид, додека во вечерните часови ќе имаме теоретски презентации за безбедност, правилен тренинг и мотивација. Како изненадување имаме специјални гости кои со нас ќе ги споделат своите инспиративни приказни за постигнување успех во планинарските спортови. За раните регистрации со приоритет на членовите од планинарски и спортско качувачки клубови, обезбедивме 20 бесплатни места, а конечната листа на пријавени девојки заклучно со 5 ти Јуни ќе биде објавена овде и по е- пошта. Доколку сеуште има заинтересирани девојки кои сакаат да се пријават, повелете, но сами треба да си ги покриете трошоците за сместување, храна и транспорт.
Програмските активности ви следуваат бесплатно. За повеќе информации, контактирајте не преку е- пошта: inence@gmail.com или на телефон 0038970377826 Љубители на природата кои не практикуваат ниту еден од планинарските спортови, се добредојдени да ни се придружат за цена од 2,000 МКД по човек, што вклучува сместување и програмски активности. Мини пакет со сместување х 1 ноќ и учество на активности х 1 ден по цена од 1,200 МКД Оние кои не се чувствуваат спремни за на карпа сепак ќе може да се размрдаат со Зумба сесии на секогаш насмеаната Тереза Крцоска. Tereza Zumba Tereza Krcoska Во двата случаи превозот не е обезбеден.
Во прилог програмата која следи:
Петок 22 Јуни: 17- 20h. Пристигнување и сместување 20 – 21h. Заедничка вечера и претставување на учесниците 21 h. Презентација: Безбедност во спортот, Владимир Трповски, претседател на спортско качувачка федерација на Македонија Исхрана и здрав тренинг, Валентина Караѓуле, качувач, професор по физичка култура, и поранешен професионален спортист
Сабота 23 Јуни: 07:30 – 08:30h. Утрински вежби на плажа со Валентина Караѓуле / Зумба со Тереза Крцоска 08:45 – 09:15h. Појадок 09: 30h. Организиран превоз до качувачки локалитет Св. Никола и / или Трпејца (Надол) 13:30h. Ручек на плажа. Пливање, одмор и релаксација 14:30h. Трансфер до качувачки локалитет Зли Дол, Национален Парк Галичица 18:30h Враќање во Лагадин 19h. Вечера 20 – 21h. Презентација: Мотивација и цели Промоција на проект и видео шпица “This is HER story”, во продолжение следат филмчиња од последниот REEL ROCK Film Tour промовирано во Македонија од Ski Macedonia
Недела, 24 Јуни: 07:30 – 08:30h. Утринска Зумба на плажа со Тереза Крцоска 08:45 – 09:15h. Појадок 09:30h. Организиран превоз до качувачки локалитет Стење, Преспа 14 – 15h. Ручек 15h. Слободно попладне, качување, пливање, прошетка со кајче 18h. Поаѓање / Трансфер назад до Лагадин Благодарност до Горан Кузмановски за прекрасната фотографија на постерот.