Јануари беше прилично плоден со снежни врнежи. Па големите количини снег донесоа комфорно раздвижување на авантуристичкиот туризам речиси во секое ќоше низ Македонија.
Малкумина знаат дека во село Куратица близу Охрид има вистинска адреналинска точка која нуди интересен провод и забава. Тука веќе две години постои несекојдневна вселенската машина чии сопственик е Горан Ангелоски.
Селото Куратица со природата која ја поседува е лидер во активностите за етно туризмот, но исто така е познато и по тоа што е единствено село во Охридскиот регион кое располага со маркантен стар ратрак и кое го форсира зимскиот туризам во регионот. Етно туризмот за време на зимскиот период го сврзува и со организирање на снежни прошетки и активности во околината на Куратица се до Плаќенска планина каде фрирајд , ски и снуборд зема се поголем замав и интерес. Горан Ангелоски изјави дека на влезот во селото веќе се работи на расчистување и обележување на ски патеката на која може да уживаат рекреативците на зимските спортови. После активностите на снег можете да уживате во топол амбиент зачинет со традиционална храна од ресторанот Дедо Димо кој се наоѓа во центарот на селото. Во селото на 14 Јануари се одржува и Курајчкиот Василичарски Карневал.
Можеби нема “big drop” ама авантура не ви бега, посебно ако сакате на некого да му понудите вистинско несекојдневие.
фото OhridInfo.mk (2S Studio)
skimacedonia







