Federica Brignone победи на трката во Алпска кобинација на Светскиот Куп во неделата откако неколку од топ скијачките не успеаа да ја завршат трката во незгодниот почеток на super-G. Shiffrin одскија надвор од патеката и не заврши трка за прв пат во две години, додека пак Vlhovа остана на една скија и исто така не заврши.
Brignone со победата го презеде местото на Petra Vlhova зад Shiffrin во генералниот пласман на Светскиот Куп и со тоа е главен предизвикувач во моментов. Brignone го задржа водството по утринскиот super-G, а имаше и солиден слалом кој го заврши пред Wendy Holdener. На трето место заврши уште една скијачка од Италија, Marta Bassino.
Shiffrin се излизга по заледениот снег на својот лев колк и излета неповредена застанувајќи покрај патеката.
Последен пат Американката не заврши трка во Јануари 2018 во Lenzerheide, Switzerland.
Шампионките во спуст Sofia Goggia од Италија и Ilka Stuhec од Словенија, исто така излетаа од патеката.
Super-G може да биде по непредвивлив од спуст бидејќи скијачите не тренираат на патеката туку можат одблизу да ги видат капиите
Brignone ја освои својата 12та победа на Светскиот Куп а 4та победа во Алпска кобинација со што одржува континуитет со најмалку две победи во последните 5 сезони.
Holdener, исто така одржува континуитет во формата со својот 35ти подиум во кариерата на Светски Куп но останува на само три победи.
skimacedonia
