Есенска тура до Китка

dom Kitka

Еднодневна организирана прошетка до планината Китка , планинарски дом Китка и врвот Красна 1.565 мнв.

Турата е организирана за комбе од 17 луѓе – се што е под 15 луѓе ќе се изорганизраме со коли …цената за комбето со шофер е 150 ден по човек … во цената влегува и неизбежната шопска на врв, водич , медицинска нега.

Плаќање до сабота до 17:00 кај Алех 389 070 382 751 кај Католичка црква.

Поаѓање од пошта 2 на Железничка Станица во 07:00 часот

Патот е доста лесен и е погоден и за луѓе кој имаат некакви други спортски активност а не биле до сега на планина.

Планината е нешто повисока од Водно . Почетна точка е од 621метар и се искачува висинска разлика од 944 метри.Поради тоа што ветува денот горе ќе се задржиме подолго за да се излежаваме да апсорбираме витамин Д и да си ги зголемиме белите крвни зрнца.
Шумите на планините во есен се приказна за во бајка , затоа и ќе идеме цело време низ шумски предел.

Потребна Облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , гамашни, топла јакна , наочари за сонце.

Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен ( zegin ), електролити , пиво, ракија.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки