Енергија и емоции на Здравко Дејановиќ за искачувањето на К2

Пред полна сала македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во киното Фросина одржа промоција за искачувањето на врвот К2 (8.611 метри) втор највисок во светот, искачување кое го реализираше на 27 јули годинава, на 60 годишнината на првото искачување на К2 во 1954 година.

zdravko-dejanovic-k2-mkc1

Со многу позитивни емоции и во пријатна атмосфера Здравко Дејановиќ на присутните им  пренесе дел од случувањата и возбудувањата при искачувањето на К2, еден од најтешките и најсмртоносните врвови во светот. Чест да ја отвори промоцијата имаше Проф. Др. Јовица Угриновски претседател на Федерација на планинарски спортови на Македонија кој е и еден од најзаслужните за успехот, како што истакна Дејановиќ.

Алпинистот Здравко Дејановиќ во 2010-та се искачи и на највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8.848 метри) и за следната година најави планови и атак за искачување и на Анапурна 1 (8.091 метар), кој е поопасен и помалку искачуван и од К2

ВРВ                 ВИСОЧИНА       ЗАБЕЛЕШКА
Монт Еверест    8.848              искачен 2010
К2                         8.611             искачен 2014
Лотце                  8.516              во план за 2015
Манаслу             8.156             во план за 2015
Нанга Парбат    8.126             во план за 2015
Анапурна 1         8.091            во план за 2015

zdravko-dejanovic-k2-mkc5

zdravko-dejanovic-k2-mkc

 

zdravko-dejanovic-k2-mkc2

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки