Популарното натпреварување Freeride World Tour (FWT) уште пред две години иницираше програма за едукација на најмладите скијачи, со цел да се обезбеди иднина и се поголема популарност на овие натпревари. На организаторите од Freeride World Tour тоа им е целосно јасно па затоа е инициран овој програм Freeride World Tour Club кое вроди со поврзување на напредни школи за скијање низ разни ски центри со цел да формира програма наменета исклучиво за фрирајд.
Одзивот е повеќе од добар, па Freeride World Tour Club е веќе основан во 22 ски центри во 7 земји , Швајцарија, Германија, Франција, Австрија, Италија и Андора и во однос на минатата сезона бројот на пријавени е скоро дуплиран.
Програмата се базира пред се на сигурност во планина, препознавање на опасност од лавини, соодветен избор на патека и траекторија и секако скијачки вештини.
skimacedonia
