Седумнаесетгодишно момче по име Кристијан во раните утрински часови, било спасено по здобивање на тешки повреди при пад околу Бакардан. Групата која била на планинарење со него, се јавила за помош кај пријател, но заради лоши телефонски врски потрагата била отежната.
Блaгoдaрение нa присебнoстa, искуствoтo, истрaјнoстa нa луѓето околу него, спреченa е фaтaлнa хипoтермијa и смрт нa повредениот плaнинaр. Сo вреќи, рaнци и сo свoите телa oдржувaн е вo живoт целa нoќ млaдиoт Кристијaн нa -20°C.
Според инфо на МВР, изутринава во 1 и 35 часот, Д.Б. од Скопје пријавил во полиција дека во 1,15 часот телефонски му се јавил планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, за да каже дека кај местото викано „Бакардан“ се случило несреќа во која 17 годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се стекнало со повреди и е во тешка здравствена состојба.
По ова биле правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но не можело да се воспостави врска, поради мрежна непокриеност на просторот. Околу 3,15 часот кон местото се упатиле двајца планинари со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови. Лицата биле пронајдени и со хеликоптер префрлени до Скопје за укажување на медицинска помош.
На истата локација, околу Бакардан вчера во дол падна и 34-годишна девојка, која не се здобила со сериозни повреди, а била пренесена со хеликоптер во болница.
Поврзани информации и коментари со овој настан
https://www.facebook.com/damjan.karlovskimakedonski/posts/10211316383409478
https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/1248183865246949
skimacedonia