Dressen го прекина 28 годишниот пост на Германците со триумф во спуст

GARMISCH-PARTENKIRCHEN Thomas Dressen

Dressen го прекина 28 годишниот пост на Германците со домашен триумф во спуст во Garmisch.

Thomas Dressen го освои машкиот спуст на Светскиот Куп на патеката Kandahar во сабота, со што стана првиот германски победник на класичната трка по 28 години.

Последен Германец на врвот на подиумот е Markus Wasmeier кој тримфирал во Јануари 1992г.

“Брутално е колку е тоа одамна,” Dressen вели. “За мене ова е како сон. Освојување на Garmisch е навистина кул за нас Германците.”

Dressen беше особено силен во долниот дел од патеката каде ги совлада ривалите Норвежанецот Aamodt Kilde заврши со 0.16 секунди заостанување, следен од Johan Clarey на трета позиција.

Vincent Kriechmayr од Австрија и Travis Ganong од САД завршија на четврто и петто место што беше најдобар резултат сезонава за Американецот кој ја освои оваа трка пред три години.

Лидерот во спуст на Светскиот Куп Beat Feuz, заврши на шесто место (после импресивни 17 подиуми во 19 спуста). Швајцарецот го задржа водството на табелата во дисциплина спуст бидејќи Dominik Paris и Matthias Mayer беа отсутни од трката.

Feuz во моментов е водечки во спуст на четири трки до крајот на сезоната.

Ова е втор триумф на Dressen сезонава а две години откако победи на Kitzbuehel. Dressen кој ја пропушти речиси целата 2018-19 сезона откако го повреди вкрстениот лигамент во десното колено ACL во Beaver Creek, Colorado, во Ноември 2018г, за да се врати наредната сезона со победа во Lake Louise, Alberta на првиот спуст во сезоната.

Dressen заврши на подиумот во Wengen, каде заврши трети но само на 26то место во Kitzbuehel минатата Сабота. “После Kitzbuehel бев доста лут. Премногу ризикував таму, сакав да исфорсирам добар резултат. За оваа трка, сакав да бидам по релаксиран, да се забавувам на почеток и да уживам во трката,” изјави Dressen. “Победа на домашен терен е секогаш посебна”.

Ова е четврти спуст едноподруго со победник на домаќинот после Paris во Bormio, Feuz во Wengen и Mayer во Kitzbuehel.

Трката се одвиваше во совршени услови, но со скратена патека.

Забележана беше трката како последен настап во кариерата за Италијанецот Peter Fill (двократен шампион во спуст), кој најави пензионирање на 37 години и се прости пред публиката од активното скијање.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки