Dominik Paris е победник на шестиот спуст сезонава што се возеше во Kitzbühel. Ова е негова трета победа на една од најатрактивните и најтешките патеки во Светскиот куп и е буквален владетел на оваа патека.
Paris ја помина патеката со време 1:56:82, пред второпласираниот Beat Feuz од Швајцарија, кој заостана 20 стотинки. Настапот во Кицбил на третата позиција го заврши домашниот натпреварувач Oti Striedinger.
Во редоследот за спуст води Feuz со 420 бода, 100 повеќе од Paris додека трет е Christof Innerhofer со 260. Во генералниот пласман за Светскиот куп досадно доминира Мarcel Hirscher со 1036 бода па 200 реда подоле, пред Henrik Kristoffersen со 621 бодови. Утре на програмата е слаломот, а во недела Super-G.
https://youtu.be/hsASpz83Tjk
skimacedonia
