Доминација на доминантните Hirscher и Shiffrin

slalom-race-belleverde Marcel Hirscher

Австриецот нанижа 60 победи во Светскиот Куп со освоен медал на секоја трка во велеслалом уште од октомври 2016г.

Marcel Hirscher повторно доминантен на Светскиот Куп во саботата, освојувајќи уште еден велеслалом со сигурна победа од 1.18 секунди предност во комбинирано време од една минута и 42.99 секунди. Hirscher во генерален пласман го зачува водството од првиот круг и го остави неговиот најголем конкурент Henrik Kristoffersen уште еднаш како второпласиран.

Дополнетелен интересен момент е дека покрај оваа негова 60та победа на Светски Куп но може да добие уште една, службено доколку Stefan Luitz, минатонеделниот велеслаломски победник во Beaver Creek, ФИС одлучи да го дисквалификува заради користење на маска за кислород помеѓу двете трки.

Интернационалната Ски Федерација го истражува инцидентот во кој наводно се прекршени правилата за анти-допинг, иако користење на кислород инхалација не е забрането од страна на Светската Анти Допинг Агенција.

petra vlhova shiffrin st moriz

Mikaela Shiffrin е незапирлива, освојува уште едно злато во super-G и напредува на листата најдобри на Светскиот Куп на сите времиња

Oops she did it again…Mikaela Shiffrin беше внимателна во прогнозите откако ја освои својата прва super-G трка минатата недела во Канада, а со цел да не ги расипе предвидувањата за добар резултат на брзинските трки до крајот на сезоната. Еве ја освои уште една super-G трка овој пат во St.Moriz.

Shiffrin викендов во слалом и велеслалом на патеката во St. Moritz ја победи второ пласираната швајцарка Lara Gut.

Shiffrin се почесто со изјави од своја лична изненаденост дека ги надминува своите очекувња, психолошка игра или реален непредок годинава за која ни самата не е свесна, моменти за кои останува да ги следиме и проверим на трките пред нас.

Shiffrin ја победи и брзата Petra Vlhova во паралелниот слалом иако имаше мала грешка на средина на патеката, но сепак за магични  0.11 стотинки ја зграби победата.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки