Дом Караџица – врв Сипичан 1790м

Програма за планинарската акција П.дом Караџица- врв Сипичан 1790 м.н.в.

Сабота 09.05.2015

16:00- Собирање и поаѓање од Транспортен центар-Скопе( Железничка станица) со организиран превоз
17.30-Пристигнување во рибник Принц и поаѓање кон п.дом Караџица
19.30-Пристигнување во п.дом Караџица

Недела 10.05.2015

07:00-Будење 
07:30-Поаѓање кон врв Сипичан 1790 м.н.в. 
10:00- Пристигнување на врвот од кој има единствен поглед на Солунска Глава и останатите врвови од источните падини на Јакупица, пауза од 30 минути
10:30 -Тргнување назад кон п.дом Караџица
12:30-Пристигнување во п.дом Караџица и заеднички ручек на учесниците на турата
16:00-Тргнување кон рибник Принц 
17:30-Пристигнување во Рибник принц и поаѓање кон Скопје со организиран превоз
19:00-Пристигнвуање во Скопје(Транспортен центар)

solunska-glava
Напомена

Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК “Драчево”.
Искачувањето до врвот Сипичан 1790 м.н.в. трае не повеќе од 2.30-3.00 часа и истото е со средно-лесна тежина. Потребна основна физичка подготвеност и опрема ( удобни чевли, ранец, заштита од сонце, дожд, планинарски стапчиња).

-Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
-Од организаторот ќе биде обезбеден 1 оброк, Ручек (Планинарско гравче) во недела 10.05.2015
Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.
-Превозот од Скопје до Рибник Принц и назад од рибникот до Скопје, ноќевањето и оброкот во п.дом Караџица ќе чинат 700 денари по учесник
-Пријавување и информации на 070 522 444-Филип
Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
Задолжителна резервација и плаќање до 07.05.2015

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки