Интернационалниот ден на јогата на Кањонот Матка

По повод одбележувањето на Интернационалниот ден на јогата, Lux Integra – Coaching & Self Development ви нуди интересно доживување на Кањонот Матка.

Предвидени се 3 програми: јога, медитација и групни вежби и свесно набљудување на природата. Останатото време ќе шетаме, ќе се дружиме и ќе уживаме во позитивниот ден.

Весна ќе не води низ креативно вежбање на јога асани, техники на дишење и медитации од програмата на Power Yoga. Ќе се соочиме со основните предизвици на нашето физичко тело за да направиме увид за неговата флексибилност. Ова е одлична можност да се чувствуваме радосно и среќно во своето тело во текот на целиот ден.

Со Елена ќе медитираме во ритам со звуците на природата. Оваа медитација ќе ве поврзе длабоко со исцелителните енергии на Земјата и на целата Универзална Енергија, со вашето тело, емоциите, мислите и ќе се почувствувате длабоко интегрирани со себеси.

Маја ќе не прошета длабоко во самите себе. Преку различни групни вежби и свесно набљудување на природата околу нас, ќе допреме до внатрешната природа и ќе ја растопиме границата меѓу нив. Ние сме дел од природата и таа е дел од нас. Ќе се впуштиме во авантура. Ќе ја истражуваме нашата вродена способност да комуницираме со елементите, да сочувствуваме со Земјата, да ја следиме интуицијата и да се радуваме со птиците.

Учеството е БЕСПЛАТНО, а местата се ограничени

Организиран превоз: Скопје ~ Матка ~ Скопје – 300 денари. Доколку сакате, можете да си дојдете и во сопствена режија.

Поаѓање: 08 часот наутро; Враќање: 18 часот
Понесете си закуска и вода за себе и споделување. Деца се добредојдени.

Пријавување на телефон 075/ 205 922 или во инбокс на фан страната на Lux Integra – Coaching and Self Development (Ве молиме да се пријавите доколку навистина имате намера да дојдете)

Се гледаме на Матка!
Lux Integra – Coaching & Self Development

svetski den na jogata kanjon matka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки