Собранието на доверители Ски-центарот Кожуф донесе одлука да се зголеми бројот на членовите на Oдборот на доверители од три члена на пет члена, кои треба да му помогнат на ски центарот да излезе од криза и да профункционира.
Собранието на доверители донесе одлука со која за нови членови на Одборот на доверители се избрани доверителите „Мигро ресортс“ ДООЕЛ Гевгелија и „Гофи груп оф финанце анд инвестмент С.А“ (GOFI GROUP of finance and investment S.A) од Швајцарија, па така новиот Одборот на доверители e во следниот состав: Стопанска банка АД Скопје, Република Македонија-Министерство за финансии-Управа за јавни приходи-РД Прилеп, акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје Виена иншуренс груп, Мигро ресортс и Гофи груп.
Собранието на доверители ја прифати иницијативата за подготовка на План за реорганизација доставена од доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп , кој треба да пристапи кон подготовка на планот за реорганизација и да го достави до Основниот суд Велес во рок од 45 дена.
Инаку новиот доверител во Одборот, „Гофи гроуп“ е фонд кој е во сопственост на македонскиот бизнисмен Трифун Костовски.
skimacedonia

