
Додека ние продаваме инвентори и печки на пелети и ги исековме сите шуми, деновиве во Копенхаген, Данска беше и официјално отворен еден од најиновативните проекти за таа земја, CopenHill. Станува збор за електрична централа која создава енергија од данскиот отпад. Но со цел еколошкиот коефициент да биде на што подобро ниво, на истата централа изграден е мини ски центар, каде успат посадија голем број на зимзелени дрва од кои веројатно очекуваат и шума во догледна иднина.
Посетителите покрај скијање на вештачка пластифицирана трева, имаат на располагање фристајл парк, до покривот можат да испешачат и преку мала планинарска патека, да качуваат на вештачка карпа, сето тоа 24 часа во денот колку што работи и електричната централа. Патеката е долга петстотини метри, а ски карта е околу 7 еура.
Овој амбициозен проект од јавна инфраструктура може да се пофали со печки и турбини кои претвораат 440.000 тони отпад во чиста енергија секоја година, доволно да се обезбедат 150.000 домаќинства со електрична енергија и греење. Сето ова се одржува под зелениот покрив од 107.639 метри квадратни кој апсорбира топлина, ги отстранува честичките на воздухот и го минимизира истекот на атмосферска вода.

skimacedonia
