Работи ко швајцарски саат. После снежните денови швајцарските лавински центри информират за претпазливост при движење и скијање во планина, веќе за утрешниот ден скоро цела територија е под портокалова фаза, а делови се во црвена фаза.
Грижата и сервисот без дискусија функционираат на највисоко ниво. Туризмот во Швајцарија е сериозна приходна ставка на многу жители кои живеат низ алпските региони, па квалитетниот сервис и одговорен пристап е повеќе од потребен.
За илустрација, ние дури денес дознаваме и веднаш единствено објавиме за лавината на Попова Шапка која се случи пред 4 дена , а која за среќа заврши со среќен крај. Главната вест дојде преку Лондон, па кој чул, дочул, начул…така стигна и овде.
Повеќе од жалосна и смешна ситуација.
Во Македонија не постои планинска спасителна служба со постојано седиште низ некој од ски центрите. Шар Планина како регион е можеби најфреквентно користена од страна на планинарите и скијачите.
И да, тука нема никој освен неколкумина кои волонтерски на релативно ограничен број луѓе, може да предупредат за лавинска опасност.
Но, тоа не е доволно, потребно е информациите да течат многу полесно и директно од еден центар. Ние се грижиме и настојуваме да споделиме информација веднаш, сега и одма и тоа онака, гратис, јер ние сакаме да сме Швајцарија.
Дека работите овде се повеќе од сериозни е и фактот односно искуството кое го имавме пред 2-3 години кога беше споделена слика од наша страна направена од некоја си “професионална” спасителна служба при лавински инцидент на Попова Шапка. Имавме повеќе од шокантна ситуација, каде наместо да добиеме поддршка или одобрување за споделено предупредување ние бевме нападнати зошто сме ја споделиле сликата. Чисто да знаете со кого си имате работа. Тие не се сами во нивното несвесно однесување.
Текстов ќе продолжи некој друг ден…сигурно!
skimacedonia
