Следете го настанот 4 Април |Кино Фросина – МКЦ | 20 часот LA LISTE Redefining Steep Skiing Нови граници во скијањето, бруталните и најстрмни алпски падини во листата на младиот скијачки феномен, швајцарецот Jérémie Heitz. Тој се постави пред сопствениот предизвик да ги скија петнаесте најстрмни алпски врвови над 4.000 метри, во само две ски-сезони. За да го реализира …
повеќе »Вести
Интересен преглед на Копанки од птичја перспектива
Мечки патролираат по Сандакташ
Живиот свет низ националниот парк Маврово почнува да се буди. Мечките веќе патролираат и во снежната зона на Бистра. Над шумскиот појас, во зоната на с.Никифорово при ски патрола кон врвот Сандакташ.
повеќе »Сноуборд клубот Полар беше на жетва на натпревари во Србија
Изминатиот викенд, од 18-21 март 2017, во Србија се одржаа сноуборд ФИС натпревари – Отворено првенство на Србија, во организација на сноуборд клубот АБЦ од Крагуевац и Бибис од Белград. Учествуваа 70 натпреварувачи (мажи и жени) од Србија, БиХ, Украина, Либан, Романија, а учество земаа и наши натпреварувачи од скопскиот сноуборд клуб Полар. Натпреварите беа во 4 категории (Цицибани, Деца, Јуниори и …
повеќе »Ски центарот Маврово ги стопира лифтовите
Од утре 22 март 2017, нема да работат ни Галички и Белички лифт, топлото време забрзано го стопи снегот на конекторите и жолтиот лифт, како и на рамниот дел околу Галичко бачило, пристапот станува отежнат, па лифтовите се стопирани.
повеќе »Илина ја скијаше Етна во моменти на ерупција
Несекојдневно искуство на нашата најдобра алпинистка и скијач кој практикува скијање на егзотични дестинации. Минатиот викенд, поточно во петокот на 17 март, Илина Арсова реализираше несекоjдневна авантура скијајќи на планината вулкан Етна, во моменти на негова ерупција. Очекуваме повеќе детали и нејзин извештај од оваа Спилберг авантура.
повеќе »Лифтовите во Маврово ќе работат и во текот на работната недела
За сите што се интересираат, работат Галички и Белички лифт, заедно со конекторите и ќе бидат оперативни и во текот на работната недела, а во функција се и бачилата за храна и пијалоци. Уживајте во белината и сонцето на Бистра. Цена на ски карта е 500 денари. Фото викенд, 18 март 2017
повеќе »Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд
Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд, лифтовите на Копанки и во Нижо Поле не работат, но горе над 2000 метри се шушка дека се одвива вистинска драма 🙂 видео во најава https://vimeo.com/209010603
повеќе »Маврово ски амбиент 18 март 2017
Додека му ја мислите и анализирате дали има, колку има, каде, што има, зошто и како… Денес, 18 марта 2017 н
повеќе »Marcel HIRSCHER си заработи голем кристален глобус за сезона 2016/2017 во Велеслалом
Марсел Хиршер е победникот во дисциплината велеслалом од Светскиот куп во Алпско скијање за сезонава 2016/17. Тој со победа на финалната трка во Аспен ја комплетираше титулата во најдобро светло. Второто и третото место сезонава во категорија Велеслалом им припаднаа на французите Матју Февр и Алексис Пинтураулт. Во последниот слалом натпревар од оваа сезона, утре победникот е веќе познат, останува само …
повеќе »
skimacedonia