Вести

Викторија Ребенсбург победник на првата трка

107790_G08_W01 fis skiing

Германката Ребенсбург победи на првата трка од Светскиот куп во алпско скијање што се реализираше во Зелден. Што има таа да каже и кои се нејзините импресии на линкот во прилог. Заради невремето над глечерот Ретенбах беше откажана машката трка во велеслалом, па нивна сефте станица ќе биде Леви. https://youtu.be/zcz8AuG0LcU  

повеќе »

Планините и во уметноста!

0-02-04-5e0e41a090f0d03c292cb39405d30351685f9df77bb6aceeef9cfbaba256f66c_full

Планините и во уметноста! Изложбата: Currently: Lurra, на И. Арсова, се отвори во дом на културата Кочо Рацин, Скопје на 27.10.2017 и ќе трае до 03.11.2017. Низ овој серијал слики, цртежи и акварели се прикажани дел од овегодишните сликарски записи инспирирани од планински доживувања на Алпите, Хималаите и поблиските качувачки локалитети. 

повеќе »

Победници на ЕХО 2017

22498861_ At 6AM elena markova pelister

На последниот ден од ЕХО – Фестивалот на планински филм  беа прогласени победниците во неколкуте конкурси во рамките на фестивалот. Како и секоја претходна, фестивалот имаше отворено конкурси за најдобра фотографија и кратко видео, а беа доделени и признанија за најдобар краткометражен и долгометражен филм од официјалната селекција на фестивалот. Кај фотогарфиите, жири комисија составена од три члена, Дарко Андоновски, …

повеќе »

Илина Арсова – Циклус слики и цртежи под наслов „Currently: Lurra“

Currently Lurra ilina arsova

Циклус слики и цртежи под наслов „Currently: Lurra“, е работен претежно во 2017 година, во непосредна врска со последните планинските доживувања претопени во скици, записи и дневници. Насловот накусо опишува еден номадски пат, користејќи го Баскијскиот збор за планетата Земја, Lurra. Шарените планини потекнуваат од нов психолошки момент во ликовното творештво, каде по долгогодишно со-дејствие со природата, почнувам да ја разоткривам нивната …

повеќе »

Започнуваат натпреварите од Светскиот куп во Алпско скијање

soelden_worldcup

Овој викенд започнува новата натпреварувачка сезона 2017/2018 од Светскиот куп во Алпско скијање, каде еден против друг ќе ги соочат своите времиња најбрзите, најагилните , најспремните скијачи во светот на алпските ски дисциплини. Стартот е во традиционалниот австриски Sölden, кој веќе деновиве помина на инспекција околу спремноста на патеката и нивото на квалитет. Поставувачи на патеката се Jacques Théolier за …

повеќе »

In Gora – ски филмче на Ехо фестивал

in gora

Еден месец,  шест скијачи и бордери, 6000 км, осум земји меѓу нив и Македонија. Ски документарен филм кој ќе може да го погледнете во рамките на Ехо фестивалот на планински филм, во петок 27 октомври од 21:30 часот, кино Фросина.

повеќе »

Снежен амбиент во регионот

Screenshot_20171024-135511~2

Снегот ги забели повеќето ски центри низ регионот со 20-30 см белина. Иако е рано за нивно отварање, посебно кај нас, вратите за малку фрирајд се отворени низ високите зони на Шара во делот на Брезовица. Колашин Брезовица Копаоник Боровец

повеќе »
Оди на лентата со алатки