Пелистер освежен, изминатата ноќ нови 15на см снег ги дополнија терените, во функција се двете патеки, жичарата и лифтот. Околу ски центарот секој ден работи цела проследна туристичка инфраструктура. фото 22.01.2018
повеќе »Вести
Како изгледа обид да се пробие 100km/h на Галички лифт Маврово
Ќаили Лими е еден од ликовите кој поседува супер ски техника, но овде има само спуст и тоа Галички лифт, од крај до краj, на нож, како тоа изгледа , но и пример како не треба!
повеќе »Антонио Ристевски заедно со Ставре Јада ќе бидат дел од ЗОИ 2018
После една и пол година заврши квалификацискиот циклус за Зимските олимписки игри во Јужна Кореа. Нашиот најдобар скијач во Алпско скијање, Антонио Ристевски успеа да постигне олимписка А норма и да обезбеди простор за натпревари со најдобрите на Олимписките игри кои ќе се оддржат од 9 до 25 февруари во PyeongChang. Како што ни изјави, се чувствува во добра форма, а потврда се и …
повеќе »Период на временска лагуна и повеќе сонце
После десетина денa на силен ветар, снег и слаба видливост, на планините доаѓа стабилен, сончев период и ведро време. Претежно слаб ветар и дневни температури во пораст, кои на 1600 метри ќе се движат околу 0°C. Напомена: зголемена претпазливост во лавински зони, заради појава на снежни тераси и напластен снег од ветар.
повеќе »Ски центар Маврово – календар на настани
Пониква зимски амбиент 20.01.2018
Деновиве Пониква конечно под засилено ладење, па снегот кој паѓаше изминативе неколку дена формираше нова снежна покривка од 20 см. Активен е лифтот на помалата патека Стаза 1, каде барем може да се приучите или научите да скијате. Низ центарот работат сите туристички капацитети, а за викендов скоро и да немаше слободно место.
повеќе »Monaco во Формула 1 , Kitzbühel во Алпско скијање
Од нула до херој за 12 месеци, победа која не е случајна, сигурното возење на растечкото лице во светот на спустовите. Thomas Dressen, 24 годишниот германец е момчето кое го освои суперспустот во Kitzbühel на опасниот Streif. Тој првично привлече внимание со искачување на подиум при спустот во канадскиот Beaver Creek. Недостасувајќи му искуство за Kitzbühel ги проучувал конкурентите пред него, …
повеќе »АСК Скади денес на трка во Марибор, подиумот во континуитет
Пред натпреварите во рамките на државното првенство на Словенија, АСК Скади на трки во Марибор, Арех, каде Данило Илиев за само 10 стотинки не се искачи на подиум и го освои четвртото место, а Јана Атанасовска со второ место се искачи повторно на подиум.
повеќе »Многу лош ден на Шапка
фото 18.01.2018 Денеска силниот ветар беше причина заради која не работеше центарот…ама, не дека не се вадеа добри фотографии 🙂 Ветрот ќе го им и утре на репертоарот со силина од 20-40км/h, дневна температура околу 0°С
повеќе »Маврово ски амбиент 18.01.2018
Засилен ветар, температура до -6°, работат лифтовите во горниот дел од ски центарот Последна видео ски патрола 15.01.2018
повеќе »
skimacedonia