Во среда на 22 април швајцарскиот качувач Дани Арнолд успешно ја качи северната страна на Матерхорн во рекорно време од еден час и 46 минути. Неговото време беше побрзо за десет минути од претходниот рекорд поставен од Ули Штек во 2009. Арнолд качуваше во слободен стил следејќи ја рутата Шмит исто како и Штек со мали отстапки во горниот дел. …
повеќе »Вести
Ептен пролетно скијање на Бистра
Игор Караџоски – Доста е за сезонава, озбилно!
повеќе »Нормализиран сообраќајот преку Галичица
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е расчистен за сообраќај за сите возила. Се препорачува внимателно управување со возилата поради остатоци од снег и можна појава на одрони.
повеќе »Хотел Скардус со атрактивна првомајска понуда
Доколку сакате комфорен престој на планина, хотелот и спа Скардус промотивно нуди ноќевање со доручек за двајца по цена од 35 евра. Покрај убавините на Шар Планина хотелот нуди и активности како бесплатен базен, сауна, турска бања и фитнес центар. Ресторанот служи различи вкусови на храна, интернационална кујна во прекрасна атмосфера.
повеќе »Загина еден од работниците кои денес работеа на пробивање на Галички пат
Голема несреќа се случи вечерва на регионалниот пат кон село Галичник во месноста Царевец. Загина еден од возачите на машините кои го расчистуваа патот кон село Галичник. До несреќата дошло кога една од машините при движење наназад го зафатила и прегазила лицето Г.Т. кое во тој момент асистирало на расчистување на патот. Екипите на МВР и инспектори за труд и …
повеќе »Патот Маврово – Галичник се уште не е пробиен
Заради големите наноси на снег во месноста Царевец, Галички пат на Бистра се уште не е прооден. Изминатиот период работат на негово пробивање, а Царевец е нај критична точка на која во текот на зимата се акумулираат големи наноси на снег. Фотографијата е од денес 29.04.15
повеќе »Првомајското скијање на Бистра до крајот на викендот
Првомајското скијање на Бистра ќе трае од петок до недела за кога е планирана и забава за крај на ски сезоната проследена со музика, скара и награди на Галичко Бачило. За сите посетители кои сакаат првомајски да се рекреираат и сончаат на падините на Бистра цената на картата ќе изнесува 300 денари.
повеќе »Позитивна акција на вработените од хотел Скардус Попова Шапка
Вработените на хотелот Скардус Попова Шапка самоиницијативно огранизираа еко акција за расчистување на отпадоци низ ски центарот на Попова Шапка. Мала акција за поздравување, а која треба да биде пример за подигнување на свеста за чиста околина и одговорни посетители.
повеќе »Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен (2499 м.н.в.) на 3 мај 2015
Во недела на 3 мај, планинарскиот клуб Македон организира oтворена еднодневна акција на врвот Љуботен (2499 м.н.в.). Турата започнува од с. Старо село (900 м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој …
повеќе »Викендов стартува планинската сезона на Креативен Викенд
Викендов стартува планинската сезона на Креативен Викенд со работилница за фотографија, Владимир Вељановски и Велиан Јагев ќе предаваат за аспекти од фотографијата, теорија и пракса. Секој месец по еден викенд до ноември, собир во Лазарополе, многу гости и многу креативно творештво, Frank Bretschneider од Берлин, Неман од бендот Zombie Zombie од Париз, Александар Зограф добитникот на наградата за современа уметност, Ване Костуранов, …
повеќе »
skimacedonia